Во видеото објавено на Телеграм, холивудскиот акционен актер Жан-Клод Ван Дам изрази желба да дојде во Русија како „амбасадор на мирот“.
Снимката ја објави проруската новинарка од Украина, а Ван Дам вели дека ќе му биде чест да преземе таква улога.
🇺🇸🇺🇦🇷🇺 The famous American actor Jean Claude Van Damme said that he loves Vladimir Putin very much and is going to come to Russia soon as an "ambassador of peace". pic.twitter.com/BqDWtlZRDr
— Маrina Wolf (@volkova_ma57183) April 16, 2025
Актерот директно му се обрати на рускиот претседател:
„Сакам да дојдам во Русија. Ќе се обидам да го направам тоа како што сакате вие, ќе се обидам да бидам амбасадор на мирот.
Ван Дам беше фотографиран со Путин уште во 2007 година на настан за боречки вештини во Санкт Петербург. Тој беше во публика со Путин на настанот ММА во Сочи во 2010 година.
Белгиецот и поранешен бодибилдер ја дели љубовта кон боречките вештини со рускиот претседател, кој има црн појас во џудо, а наводно се познаваат со години.
„Ќе зборувам само за мир, спорт и среќа“
Избегнувајќи ја темата за руската војна во Украина и конфликтот со Западот, Ван Дам вети дека ќе зборува „само за мир, спорт и среќа“, а не и за политика. Тој рече дека го сака Путин и на крајот од видеото му испрати голем бакнеж.
Потсетиме дека Ван Дам неодамна беше обвинет во Романија за сексуални односи со жени кои биле жртви на трговија со луѓе. Кривичната пријава е поднесена од Романското обвинителство за борба против организираниот криминал и тероризам (DIICOT).
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата