Случајот со смртта на три лица, кои пред два месеци починаа од труење од отровна печурка, се уште не е расчистен. На 29 јули, Ерин Петерсон (48) подготвувала ручек во кој се сомневаат дека ставила отровни печурки. Нејзиниот свекор и свекрва Дон и Гејл Патерсон, како и сестрата на свекрва и Хедер Вилкинсон починале како последица на труење.
Сопругот на Хедер, Иан, бил во кома, а лекарите со недели се бореле за неговиот живот. Тој денеска конечно ја напушти болницата и лекувањето го продолжува дома.
Членовите на неговото семејство потврдија дека е постигнат голем напредок во неговото лекување, по повеќе од 50 дена поминати во болница.
"Ова е големо олеснување за нас. Сите сме благодарни за неговото закрепнување. И благодариме на болницата и на сите лекари за нивната посветеност и голема грижа", изјавило неговото семејство, пренесува Сан.
Mushroom chef's Facebook messages leak: Erin Patterson rips into her husband Simon and shares a scathing verdict about locals in her small town of Korumburra as details emerge about her career for the first time https://t.co/fKnKS5F8zS pic.twitter.com/LvzNdDnx8H
— Daily Mail U.K. (@DailyMailUK) September 4, 2023
Иако истрагата сè уште е во тек, единствената личност заинтересирана за овој случај е Ерин.
Таа на полицијата ѝ кажала дека во садот ставила мешавина од печурки купени од супермаркет и сушени печурки купени во азиски супермаркет во Мелбурн неколку месеци претходно.
Имено, полицијата во август утврдила дека поранешниот сопруг на Ерин минатата година два пати бил хоспитализиран во тешка состојба поради стомачни проблеми.
Иан поминал 21 ден на интензивна нега откако колабирал по стомачните проблеми во мај минатата година. После тоа поради слични проблеми уште еднаш бил хоспитализиран.
Она што исто така оди во прилог на тоа дека таа сакала намерно да ги отруе е тоа што нивните деца не присуствувале на споменатиот ручек. Ерин рекла дека следниот ден децата го јаделе истиот ручек, но ги извадиле печурките, бидејќи наводно не ги сакаат.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата