logo
logo
logo

Скопје добива нова ботаничка градина во Зоолошката градина

Vecer | 26.05.2023

Скопје добива нова ботаничка градина во Зоолошката градина

Во Ботаничката градина ќе се постават видиковци, нова урбана опрема и бројни други содржини за посетителите.

Од Градот Скопје информираат дека е предвидено во градината, која ќе биде во рамки на Зоолошката градина во Скопје, да има автохтони видови растенија кои се природно распространети во државава, како и алохтони видови, односно растенија внесени однадвор. Исто така, ќе има и ендемични растенија специфични само за државава.

-Подигнувањето на Ботаничката градина ќе биде од исклучително значење за граѓаните љубители на природата и на природните науки, бидејќи на едно место посетителите ќе може да ги видат содржините на Природно-научниот музеј, Зоолошката и на новата Ботаничка градина, велат од Град Скопје.

Реализацијата на овој проект е дел од програмата „За Модерно Скопје“, за подигнување нови зелени површини, затоа што Скопје и неговите граѓани заслужуваат модерни и еколошки содржини кои ќе придонесуваат за унапредување на животната средина. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk