На санскрт (најстар индоазиски јазик) карма буквално значи “акција“.
Спрема мислења на стручњаци, често постоји погрешна претстава за тоа што е карма во суштина и како таа се влијае врз нашите животи. Овој текст ќе помогне да се расветли што е карма, филозофија позади неа и нејзините основни принципи, познати како 12 закони на кармата.
12 закони на кармата
1. Големиот закон или законот за причина и последица
Кога повеќе луѓе зборуваат за карма, тие вероватно мислат на голем закон на причини и последици. Спрема овој закон, која мисла или идеа ја имате во себе, одговорите ги добивате подоцна - добри или лоши. Тоа е концептот што сееш тоа и жнееш.
2. Закон за создавање
За да се случат некои работи во вашиот живот, мора да преземете акција, наместо да чекате нешто волшебно да ви се случи. Запрашајте се од што треба да се ослободите за да можете да создадете простор за она што сакате да ви се појави.
3. Закон за смирување
Мора да бидете доволно скромни и да прифатете дека вашата моментална реалност е резултат од вашите минати постапки. На пример, ако ги обвинувате вашите колеги за своето лошо работење на работа, мора да прифатет дека вие сте ја создале оваа реалност така што не сте работеле доволно добро колку што би можеле.
4. Закон за раст
За да го обликувате светот позитивно, треба да започнете од себе. Тоа е затоа што вистинската промена или личен раст започнува со она над што имате контрола, а тоа сте вие, а не другите.
5. Закон за одговорност
Вие сте производ на изборот што го правите.
6. Закон за поврзување
Овој закон се базира на принципот дека сè во вашиот живот, вклучително и минатото, сегашноста и иднината, е поврзано. Она што сте денес е резултат на вашите претходни постапки. А што ќе бидете утре тоа ќе биде резултат на вашите постапки денес.
7. Законот за фокус
Фокусирање на премногу работи одеднаш може да ве забави и да ве доведе до фрустрација и негативност. Затоа законот на фокус ве поттикнува да се концентрирате само на една работа во исто време.
8. Закон за дарување и гостопримство
Мора да давате работи во кои верувате. Овој закон ви помага да ја разберете важноста на вашите постапки, одразувајќи ги вашите подлабоки верувања. На пример, ако сакате да живеете во мирен свет, мора да се фокусирате на мирот за другите.
9. Законот овде и сега
За да доживеете мир на умот, мора да ја прифатите сегашноста. Ова може да се случи само кога ќе се ослободите од негативните мисли или однесувања од вашето минато. Ако премногу се фокусирате на настаните од минатото, ќе продолжите да ги преживувате.
10. Законот за промена
Според овој принцип, историјата ќе продолжи да се повторува се додека не научите од искуството и не преземете чекори да направите нешто поинакво за да го запрете циклусот.
11. Законот на трпението и наградата
За да генерираме промени во иднина, Харисон вели дека мора да бидеме доследни во нашите кармички дела денес. Бидете доследни на вашите цели и тие ќе бидат остварени.
12. Законот на инспирација
Сите ние играме улога и имаме што да придонесеме за овој свет. Она што го споделуваме можеби понекогаш ни изгледа мало, но може да направи огромна разлика во нечиј живот. Според овој закон, секој ваш придонес ќе влијае на светот. Вие сте родени со специфична дарба, мисија и цел што само вие можете да ги внесете во светот со вашата уникатност.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата