logo
logo
logo

Се шетал по плажа, кога пропаднал во жив песок- едвај се спасил и си нашол девојка (ВИДЕО)

Vecer | 21.04.2025

Се шетал по плажа, кога пропаднал во жив песок- едвај се спасил и си нашол девојка (ВИДЕО)

Собирале школки, а потоа младиот човек наеднаш почнал да тоне! По неколку секунди тој бил во песок до половината и не можел да се движи.

Страшни моменти

Девојката сакала да повика помош, но Мичел инсистирал тој самиот да излезе од живиот песок. По 15 минути неуспешна борба, сепак, било јасно дека му е потребна помош.

„Песокот се враќаше побрзо отколку што можев да го тргнам. Тие моменти беа застрашувачки“, изјавил тој за локалните медиуми.

Интересно е што и двајцата се јавиле кај диспечерот за итни случаи. Во паника, Бриен го нарече Мичел нејзин „дечко“, а тој им кажа на властите дека е во друштво на „девојка“.

„Тој ги криеше своите чувства“

Кога пристигнале спасувачите и ја завршиле драмата, младиот човек и девојката сфатиле дека имаат романтични чувства еден за друг, пренесува New York Post.

Две години сме блиски пријатели, но тој ги криеше чувствата.

Се испоставило дека младиот човек на плажата наишол на „опасна мешавина од песок и кал“, по што почнал да тоне, но на крајот на денот ја спасил главата и ја добил девојката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk