logo
logo
logo

Музичарот проговори по обвинувањата за брутален сексуален напад: „Згрозен сум“

Vecer | 09.05.2025

Музичарот проговори по обвинувањата за брутален сексуален напад: „Згрозен сум“

Музичарот Смоуки Робинсон беше обвинет за сексуално вознемирување и несоодветно однесување на работното место од страна на поранешни вработени, а сега проговори за нивната тужба.

„Згрозен сум“, изјави тој за Дејли Меил во телефонско интервју. Според гореспоменатите медиуми, по кратка пауза тој рекол дека не може да разговара на таа тема.

Четири жени, кои се идентификуваа како Џејн Доу од 1 до 4 во тужбата од 50 милиони долари, го тужеа за сексуално вознемирување, напад и насилство врз основа на пол.

Првата жртва тврди дека работела за Робинсон во неговиот дом во Чатсворт од јануари 2023 до февруари 2025 година. Работела за време на викендите кога била сама со Смоуки, кој сексуално ја нападнал во неколку наврати.

Втората жена наводно работела за музичарот од март 2014 до февруари 2020 година и тврди дека Смоки сексуално ја нападнал најмалку 23 пати.

„Џејн Доу 3“ наводно работела за музичарот од февруари 2012 до април 2024 година, а исто така го обвинила и за силување.

Четврта жена, исто така, изнесе сериозни обвинувања за силување против Робинсон, за кого работела од 2006 година. Таа, исто така, работеше како лична асистентка на неговата сопруга Френсис до минатата година.

Жртвите во тужбата ја споменаа и сопругата на музичарот, Френсис, обвинувајќи ја за вербална злоупотреба. Тие тврдат дека таа „овозможила непријателска средина“ и го игнорирала однесувањето на нејзиниот сопруг.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk