logo
logo
logo

Се одбележува роденденот на нашата голема музичка ѕвезда Тоше Проески

Vecer | 25.01.2026

Се одбележува роденденот на нашата голема музичка ѕвезда Тоше Проески

Ова го велат неговите бројни фанови кои не го забароваат ниту него, ниту неговиот роденден, и 19 години по неговата трагична смрт. Ако Тоше беше жив денеска ќе го прославеше 45от роденден. 

Роденденот на Тоше се одбележа и во „Спомен куќата Тодор Проески“ во Крушево под мотото „Тоше живее во песните, во срцата и во вечноста“ се одбележа 45-от роденден на Тоше . А беше промовирана и новата книга посветена на Тоше.

Со торта и свеќички, роденденот на Тоше го одбележа и неговото семејство, на неговото вечно почивалиште на Гумење.

Обожаватели на Тоше од цел Балкан, секоја година на 25 јануари го посетуваат гробот на прерано загинатиот Тоше Проески и спомен домот кој ги чува сите негови лични предмети, меѓу нив се дури и двата мобилни телефони, кои Тоше ги носел со себе на денот на несреќата,.

Тоше и денес живее преку своите песни, зборови и дела.Остана запаметен по незаменливата хуманост, а во негова чест секоја година на 25 јануари се организираат крводарителни акции во Скопје и Крушево.

Јас дарував, дарувај и ти, беше мотото на Тоше. И денеска многу млади го следат неговиот пример.

19 тажни години поминаа без Тоше. Тој загина на само 26 години, во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска. Веста за неговата смрт за брзо време го обиколи регионот и остави милиони луѓе во шок.  Тоше имаше кратка, но блескава кариера. Ја претставуваше Македонија на Евросонг, сними седум албуми, а неговите песни и денеска живеат. Одржуваше хуманитарни концерти, благодарение на кои ја доби и хуманитарната награда Мајка Тереа, а во 2003 година стана и регионален УНИЦЕФ амбасадор.Последниот концерт го одржа во Скопје, само единаесет дена пред неговата смрт. Со публиката, како и секогаш се поздрави со зборовите Ве сакам сите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk