logo
logo
logo

Италија предлага мерки против зависност од социјалните медиуми

Vecer | 02.04.2026

Италија предлага мерки против зависност од социјалните медиуми

 „Предлогот, кој го поддржува опозициската Демократска партија (ПД), предложува платформите да престанат со автоматско собирање податоци од корисниците и да обезбедат поголема транспарентност во функционирањето на алгоритмите што одредуваат која содржина им се прикажува на корисниците“, информираа италијанските медиуми.

Според сенаторот на ПД, Антонио Ничита, секојпат кога ќе отвориме социјална мрежа, алгоритмот одлучува што ќе видиме, не случајно, туку со цел да останеме што подолго приковани за екранот. Во нацрт-законот се нагласува дека дизајнот на алгоритмите не претставува технички детаљ, туку корпоративен избор со конкретни последици, и се очекува одговорност од социјалните медиуми за таквиот дизајн на системите за пренос на содржините. Според италијанската партија Лига, потребно е воведување забрана за користење на социјалните мрежи за деца помлади од 14 години, по примерот на слични мерки што веќе се усвоени или се разгледуваат во повеќе држави. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk