Венчавката на Медлин Броквеј (26), наследничката на најуспешниот синџир за продажба на автомобили во Флорида, и нејзиниот избраник Џејкоб Лагрон, чинела астрономски 54 милиони евра (59 милиони долари) и била апсолутна сензација на социјалните мрежи. После гламурот со изнајмување на Версајскиот дворец, приватни авиони и камиони, Мадлин ги исклучила сите социјални мрежи затоа што нејзиниот сопруг е уапсен.
Џејкоб Лагрон (29) е обвинет дека на 14 март годинава во Тексас нападнал и наводно пукал врз полицајци.
Тројца полицајци одговориле на повик за вознемирување на адресата на Лагрон на почетокот на годината, а потоа, како што пренесува „The Post“, тој пукал во полицајците.
„Лагрон свесно се заканувал и свесно сакал да предизвика повреди со огнено оружје“, се вели во обвинението. Во четвртокот Џејкоб се појави на суд и во моментов се соочува со затворска казна. Неговата сопруга Медлин Броквеј не присуствуваше на судењето, како што објави „Ен-би-си њуз“.
Парот се прослави на социјалните мрежи кога се појавија видеа од венчавката која чинеше 54 милиони евра.

Таткото на Медлин Броквеј, Боб Броквеј, е директор на Аутомотив Групацијата, а мајката Пола Броквеј, потпретседател на филијалата на Мерцедес Бенз Флорида наречена Корал Багес, во август беа на насловните страници за продажба на два имоти вредни 150 и 700 милиони долари.
Медлин Броквеј, по потекло од Мајами, по средното училиште се преселила во Тексас, каде што го запознала својот иден сопруг.
На мултимилионската венчавка, која чинеше 59 милиони долари, гостите ги забавуваа бендот Maroon 5 и фронтменот Адам Лавињ. Церемонијата вклучуваше ручек во Диор, изнајмување на оперската куќа - Опера Гарние во Париз, приватни авиони, па дури и Версајската палата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата