logo
logo
logo

САМО ЃОРЃЕ БАЛАШЕВИЌ УМЕЕЛ ВАКА ДА ЗБОРУВА: Луѓето се како школки, мораш да отвориш илјадници за да пронајдеш БИСЕР

Vecer | 20.02.2021

САМО ЃОРЃЕ БАЛАШЕВИЌ УМЕЕЛ ВАКА ДА ЗБОРУВА: Луѓето се како школки, мораш да отвориш илјадници за да пронајдеш БИСЕР

Панонскиот морнар Ѓорѓе Балашевиќ почина во 67. година како последица на запаление на плуќа на Инфективна клиника.

Освен по бројни песни кои ги пеат сите генерации и со кои многу генерации пораснале и се вљубувале, ќе го паметеме и по бројни реченици кои ги изгоравал онака како само што тој умеел.

“Луѓето се како школки – мораш илгадници да ги отвараш за да пронајдеш бисер“.

“Дамите бираат. О, уште како... И воглавно одбираат бараби“.

“Има тишина на која се сеќавам повеќе отколку на најубави зборови“.

“Се вљубуваш бидејќи тоа тебе ти е потребно, а сакаш бидејќи тоа му е потребно на некој друг“.

“Едно кога мечтаеш за некој кој е далеку, а сосема е друго кога мечтаеш за некој кој е покрај тебе“.

“Засекогаш е сепак само збор... Големите зборови обично имаат мала грешка и се намалуваат за ронка секој пат кога ги изговараш. Ни од моето ‘засекогаш’ не остана а Господ знае што“.

“Да одлучувале жените за некои работи, светот би изгледал поубав. Можеби би имало малку кубење коса, оговарање и други работи, но дефинитивно не би имало волку крв и зло колку што ние мажите посеавме“.

“Пријателе, нејзе не ја заболело тоа што неможе да биде среќна со друг. Нејзе ја заболело тоа што неможе да биде среќна со тебе“

“Не, не сум изненаден, само сум разочаран. Не те мразам, само ја изгубив причината да те сакам“.

“Вистинскиот маж, со кој ќе бидеш, нема да го препознаете по изглед, по диплома, по интелегенција. Оној вистинскиот ќе го препознаеш по начиот како ви ја држи раката, како ве бакнува, како ве гушка – ни премногу да остане без взив, но и прелабаво да исчезне без трага. Вистинскиот ќе ве држи онолку колку што треба, да знаете чија сте“.

“Ниедна жена не е толку скапа за да неможете со искрена њубов да ја купите. Но тоа не е толку ефтина да се продаде за шака лаги“.

“Таа го прифати секој дел од мене и никогаш не бараше од мене да се сменам, а ме промени. Единствена е на која навистина и реков што чуствувам. Не бараше да ја држам како капка вода на дланка. Фактот дека ја сакам и беше сосема доволен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk