Абраг Мохамед од Азилал, Мароко, мислел дека ја изгубил сопругата во сообраќајна несреќа пред неколку години.
Неименуваната жена била пренесена во болницата „Ибн Рочд“ во Казабланка, каде лекарите рекле дека најверојатно нема да преживее.
„Го примив нејзиното тело, завиткано и во ковчег“, рекол Мохамед. Таа била погребана во родниот град во 2014 година.
По две години, неговите пријатели, додека гледале ТВ-шоу што ги обединува „изгубените“ семејства, слушнале за жена за која верувале дека е сопругата на Мохамед.
Таа се јавила во ТВ-програмата „Ал Мохтафун“ (Исчезнати) и го дала своето име и адреса, тврдејќи дека пред две години „го изгубила контактот“ со сопругот.
Овој настан предизвикал лавина на социјалните мрежи, бидејќи е откриено дека Мохамед закопал непозната жена.
„Не знаев дека закопавме друга жена и дека мојата сопруга е се уште жива“, рекол Мохамед.
Не се познати деталните околности за текот на настаните по сообраќајната несреќа.
Приказната одекна на социјалните мрежи во Мароко, каде што корисниците излегоа со голем број теории за да го објаснат настанот - вклучувајќи ја и можноста сопругата на Мохамед да го изгубила сеќавањето.
За грешката беше обвинета медицинската или административната неспособност.