logo
logo
logo

Саем на македонска традиционална храна во Скопје

Vecer | 15.03.2025

Саем на македонска традиционална храна во Скопје

Откако се олеснија административните услови и се бара само исполнување на минимални хигиено технички услови за производство на храна од растително и животнско потекло под контола на агернцијата за храна и ветеринарство бројката на регистрирани мали оператори со храна кој веќе работат и произведуваат легално достигна околу 600 тини.

Регистрацијата на сите кои сакаат да произведат готов производ од растително или животинско потекло е поедноставена во неколку чекори. Комисија од АХВ ги проверува условите каде треба да се подготвува или преработува храната, по што се добива одобрени за слободно да се продава на пазарите со своја етикета и свој бренд по традиционални рецепти и препазнтливи вкусови.

Како заокружување на целиот процес многу важни за малите оператори со храна се саемките манифестации кои се почесто се обидуваат да ги организираат за да се претстават поред потрошувачите и да ги промовираат традиционалните вкусови и уникатните производи од разни ајвари, лутеници, слатка, џемови преку пчелни производи, природни козметики до сокови и сушено овошје произведени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk