Тој им призна на локалните медиуми дека онлајн троловите го нарекуваат „лош родител“ и „чудовиште“ бидејќи неговото тело е покриено со тетоважи, пренесува Bright Side.
Првата тетоважа на 17 години
Ричард и неговата сопруга Марита нагласуваат дека не се разликуваат од другите семејства, без разлика што велат другите.
"Ја направив мојата прва тетоважа кога имав 17 години и со текот на времето тоа стана зависност. Сега повеќе од 85% од моето тело е покриено со мастило", рекол тој.
„Другарите се исплашени...“
Тој истакнува дека планира во следните четири години да го покрие секој дел од телото со тетоважи, иако е свесен дека „негативната страна“ нема да изостане.
Ричард открива дека пријателите на неговите деца понекогаш се плашат кога ќе го видат.
„Ќерка ми дозна дека велат: „Тој е малку страшен.“ Таа одговара: „Татко ми не е страшен, тој само сака тетоважи.“
Watch on TikTok
„Живееме во среќна заедница“
Се разбира, има и такви кои го поддржуваат Ричард, верувајќи дека тетоважите не дефинираат каков татко е тој.
„Живееме во среќна заедница, нашите деца се среќни и тоа е најважно“, заклучил таткото.
Инаку, Ричард неодамна се согласил да ги покрие тетоважите со пудра, а резултатот ги шокирал членовите на неговото семејство и јавноста.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата