Мускулестиот 34-годишник од Сиднеј го посети „The Morning Show“ за да го промовира претстојното објавување на неговите мемоари за неговите искуства како машка придружба. Тој пишуваше зошто жените ги бараат неговите услуги и како им признал на семејството и пријателите што работи за живот. Рајан Џејмс имал добра работа во финансиите кога решил да стане машка придружба.
Инспириран од поранешната девојка која веќе била во „индустријата“, Џејмс ја напуштил својата сигурна корпоративна работа и сега наплаќа меѓу 400 и 6.000 долари за неговите професионални сексуални услуги.
- Не им кажав веднаш на моето семејство што правам. Речиси веднаш им кажав на пријателите, но семејството дозна дури подоцна. Имаше секакви реакции, но односите во семејството останаа исти. Оваа работа не е нешто што родителот би го избрал за своето дете – изјавил тој.
View this post on Instagram
Нарекувајќи ја својата работа „наградувачка“, Џејмс го откри и најчестото барање што го добива од жените кои ги користат неговите услуги.
- Жените обично бараат состанок за вечера. Сценариото вклучува типичен вечерен оброк и вовед, проследено со враќање во хотелот или апартманот на клиентот за прилагодено и лично искуство – рече тој.
На неговата веб-страница, искуството се нарекува „луксузен вечерен состанок“, а Џејмс наплаќа 3.500 долари за шест часа „релаксација и задоволство“, или 4.500 долари за ноќна забава со појадок наутро.
View this post on Instagram
Во интервју за FEMAIL за тоа што жените обично бараат, тој откри дека не се работи само за секс - туку за искуство.
- Секој клиент кој сака да се сретне со мене сака и некакво друштво. Од искуство можам да кажам дека мажите се повеќе фокусирани на сексуалната страна на нештата. И жените се фокусирани на сексот, без него не би дошле да ме видат, но и ние поминуваме многу време на разговор – објасни тој.
Џејмс рече дека повеќето луѓе би биле изненадени од тоа какви жени се неговите клиенти.
- Многу жени кои ги користат моите услуги можат лесно да одат во кафеана и да изберат кој било маж и да имаат секс со него. Она што тие го сакаат е сосема поинакво сексуално искуство – објаснил тој.
View this post on Instagram
- Понекогаш тоа се луѓе кои неодамна се развеле или луѓе кои се уште се во брак, но долго време не биле интимни со партнерот. Имав клиенти кои беа девици, но и парови кои сакаа тројка - набројува Џејмс.
Тој рече дека возрасниот опсег на жени кои ги користат неговите услуги е исто така широк.
- Најмладиот клиент што го имав имаше 20 години, а реално е реткост да има клиенти во таа возрасна група, иако тоа се случува - забележува тој.
Џејмс призна дека жените воопшто немаат специфични фантазии кои сакаат да ги исполнат со него.
- Клиенките често се жалат дека за време на сексот се случува нивниот партнер да биде фокусиран само на себе и приказната да заврши веднаш штом ќе почне. Она што го сакаат е партнерите да се фокусираат на нив, – откри Џејмс еден од проблемите поради кои му доаѓаат клиентите.
Тој рече дека дефинитивно постои стигма околу жените кои ангажираат придружници и дека многу од нив тоа го чуваат во тајност.
- Службата за придружба е како жена да оди во кафеана и да му предложи на маж да одат во нејзиниот стан каде што ќе ја масира. Огромното мнозинство мажи не би го одбиле. Но, работата е во тоа што ретко кој од нив е масер или физиотерапевт. Можеби ужива во масажата, но не е професионалец. Ако сакате специфично сексуално искуство, многу потешко е да го најдете токму она што го сакате. Ескорт може да ви го обезбеди токму тоа - објаснува Џејмс.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата