Се известува дека принцот Хари и Меган Маркл размислуваат за враќање во Обединетото Кралство, четири години откако се преселија во Калифорнија.
Според новите информации, парот планира промена на правецот по одлуката да се повлече од кралските должности, а нивниот нов дом во Португалија се наведува како прв чекор во тој план.
Војводата и војвотката од Сасекс се преселија во Јужна Калифорнија во 2020 година. По неодамнешната посета на Обединетото Кралство во јули – за време на која нивните деца, Арчи и Лилибет, се запознаа со својот дедо, кралот Чарлс – парот наводно почнал да размислува за животот во САД.
„Сè повеќе се чувствува дека Хари веќе не е баш добредојден во Америка. Станува збор за значителна промена во ставот на јавноста“, откри пријател на принцот Хари, додавајќи дека и двајцата се свесни оти нивното влијание во Холивуд опаѓа.
Иако постигнаа деловен успех, вклучително и договор вреден 100 милиони долари со „Нетфликс“, извори тврдат дека Меган се чувствува како аутсајдер во калифорниското општество. Поради тоа, таа целосно ја поддржува идејата за повторно зближување со семејството на Хари.
„Срцето на Хари отсекогаш припаѓало на Англија. Не е тајна дека заминаа во Америка за да се обидат да профитираат од неговата слава и кралски статус, но Меган смета дека стана прилично тешко да се пласираат нови идеи и проекти. Можеби сега поминало доволно време за некаков вид враќање“, тврди добро упатен извор.
Сепак, враќањето нема да се случи веднаш. Двојката има вложено милиони во вила во Португалија, наменета да служи како привремена европска база. Според достапните информации, Меган го ангажирала реномираниот „Soho House“ за уредување на ентериерот, а главната цел е децата да бидат поблиску до кралското семејство.
„Хари е горд Британец и сака да биде во Англија, но Португалија би можела да послужи како идеална база за неколку години“, објаснуваат пријателите на двојката. Тие ја гледаат куќата како начин „конечно да се зацврстат на вистинската страна на океанот“. Значајна улога во оваа ситуација би можел да одигра и самиот крал Чарлс.

По средбата на чај во Хајгроув на почетокот на јули, извори блиски до Палатата пренесуваат дека кралот и неговите внуци редовно комуницираат преку видео-повици, иако таа неодамнешна средба претставувала нивен прв вистински контакт во живо. Пријателите на Хари се убедени дека тој никогаш немал намера целосно да се отуѓи од своето семејство, туку дека неговите одлуки биле водени од чувствата кон Меган.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата