logo
logo
logo

Пријатели на младоженецот смислиле бизарна шега- германската полиција дигнала хеликоптер

Vecer | 28.04.2025

Пријатели на младоженецот смислиле бизарна шега- германската полиција дигнала хеликоптер

Вознемирувачката сцена била видена попладне, а возилото во кое бил фрлен мажот исчезнало во правец на блискиот град Пирна, пренесува „Тагесшпигел“.

Епилог во Радебел

Сведоците изјавија дека „двајца маскирани мажи ставиле трет маж во автомобил и си заминале“, па операцијата била брзо започната. Во потрагата бил вклучен и полициски хеликоптер.

Неколку часа подоцна, властите ја информираа јавноста дека сè е во ред. „Киднапираниот човек“ бил пронајден во куќа во Радебојл како се забавува на својата ергенска забава.

Покрената истрага

Се покажа дека сето тоа била шега од неговите пријатели, на возраст меѓу 36 и 40 години, што ненамерно предизвикало јавни немири и голема полициска операција.

Отворена е истрага за нарушување на јавниот ред и мир, а останува да се види дали учесниците во бизарната шега ќе се соочат со последици.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk