Приказната за д-р Маргарет Меколум ги разнежни и најтврдите срца бидејќи сведоштвото за нејзината голема љубов одекна многу подалеку од звуците што се слушаат во метро станицата што таа ја посетувала секој ден.
Маргарет и нејзиниот сопруг Освалд можело слободно да се каже дека се најсреќниот пар во Лондон бидејќи кога дошол моментот да се разделат, еден од нив не бил подготвен да се збогува.

Додека таа градела кариера како општ лекар, Освалд професионално се етаблирал како актер кој го позајмува гласот за реклами. Иако не успеал да направи кариера во Холивуд, редовните посетители на метро станицата Ембаркмент во Лондон можеле да го слушаат неговиот глас секој ден, тој им сигнализирал дека воз се приближува до станицата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата