logo
logo
logo

Поштар не сакал да работи надвор од работното време, па нашол решение- сега ќе оди на суд

Vecer | 26.07.2024

Поштар не сакал да работи надвор од работното време, па нашол решение-  сега ќе оди на суд

Во неговата куќа се насобрале вкупно 13.000 писма, пакети и други предмети. Сè било скриено во гаражата, спакувано во кутии или торби.

Фатен на дело, вработениот им објаснил на истражителите дека не можел да ја заврши обиколката во работното време. За да ги сокрие тешкотиите, решил само да ја „остави“ поштата дома.

Неговите колеги биле тие кои откриле дека нешто е чудно бидејќи биле изненадени што тој ја завршувал работата порано од нив и покрај недостатокот на искуство, пишува RTL.be.

La Poste морал да прераспредели 13.000 писма и пакети, а „вработениот“ ќе се појави на суд во 2025 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk