До него е напишана порака: „Нема надеж за оваа генерација“
Така, гледаме девојка која стои покрај џип и зазема различни пози додека се фотографира. Еден детал, сепак, на сите им паѓа во очи.
Зад неа е мало девојче кое само се симнува по скалите и во еден момент исчезнува од погледот.
Не е познато дали се работи за мајката на детето, или можеби за бебиситерката, но голем број корисници го критикуваа ваквото однесување.
there is no hope for this generation pic.twitter.com/yaIDTF0Ve2
— non aesthetic things (@PicturesFoIder) September 4, 2024
„Госпоѓо, едно дете се спушта по темни скали, а вие се сликате за Инстаграм“, напишало едно лице.
„Што само погледнав?! Ова ме прави толку лут, социјалните мрежи се вирус, а оваа девојка е срамота“, додаде друг.
Мнозинството коментираше дека детето се симнувало по скали без надзор, а поединци се обидувале да укажат на проблемот на целото општество.
„Еден човек не претставува генерација и не треба така да се гледа. Ако ние како општество почнеме да бојкотираме ваков тип на содржини, тогаш најверојатно креаторите ќе се променат. За жал, ова е најлесниот начин да стекнете слава, лајкови, следбеници... И тоа е проблемот“, според еден корисник.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата