logo
logo
logo

По*но глумец со ШОКАНТНА ИЗЈАВА за синот кој е МАСОВЕН УБИЕЦ - „Најмногу се плашев дека е ГЕЈ“

Vecer | 25.11.2022

По*но глумец со ШОКАНТНА ИЗЈАВА за синот кој е МАСОВЕН УБИЕЦ - „Најмногу се плашев дека е ГЕЈ“

Таткото на масовниот убиец од Колорадо, Арон Бринк, изјавил дека најголем страв му бил дека неговиот син Андерсон Ли Олдрич (22) е геј кога дознал дека убил пет лица во ЛГБТК клубот Кју.

- Јас сум мормон и конзервативен републиканец и не се занимаваме со хомосексуалци - рече тој.

Имено, овој многу религиозен татко е поранешен порно актер од Јужна Калифорнија, одреден период бил зависник од метамфетамин, а бил и во затвор.

- Син ми го учев да се бори уште од мали нозе. Рано почнав да го фалам за неговото насилно однесување. Му реков дека тоа „функционира“ затоа што само така всушност добиваш веднаш резултати – вели таткото кој зад себе има интересна кариера.

Имено, тој работи како тренер за мешани боречки вештини, а претходно се натпреваруваше во UFC и World Extreme Cagefighting. Тој вели дека за масовното пукање каде неговиот син уби пет лица дознал дури кога неговиот адвокат му кажал дека неговиот син е уапсен.

- И тогаш дознав дека тоа е геј бар. Си помислив: „Боже, дали е геј?“. Се исплашив... Затоа што да се биде геј не е во согласност со моите религиозни вредности. Знаете, мормоните не „прават“ хомосексуалци, ние не се занимаваме со хомосексуалци. Во мормонската црква нема хомосексуалци – коментирал таткото.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk