logo
logo
logo

Страшна несреќа во САД: Механичар бил „збришан“ во дел од секунда (ВИДЕО)

Vecer | 24.10.2024

Страшна несреќа во САД: Механичар бил „збришан“ во дел од секунда (ВИДЕО)

Механичарот се подготвуваше да го стави хечбекот Scion xD на приклучокот кога работите тргнале наопаку.

На видеото од надзорната камера го гледаме моментот кога возилото налетува во работилницата, отскокнува од металната рампа и го „коси“ несреќниот човек.

За жал, тоа не е крајот на драмата, бидејќи механичарот силно удрил во металниот ормар за алат, пренесува Carscoops.

Човекот кој бил зад воланот излегува од автомобилот и се обидува да помогне, додека околностите за несреќата остануваат нејасни.

Снимањето престанува, па не ни знаеме што се случило потоа.

Лице кое тврди дека ги познава вработените во предметната работилница вели дека несреќниот човек преживеал, односно немал сериозни повреди.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk