Грифит (46), жител на Голд Коуст, се изјаснил за виновен по сите обвиненија на сослушувањето одржано утрово во Окружниот суд во Квинсленд, пренесува лондонски Гардијан.
Читањето на сите 307 обвиненија утрово траело два часа во преполната судница, некои од присутните биле принудени да стојат поради недостиг на простор во судницата, а неколкумина плачеле за време на рочиштето со кое претседаваше судијата Ентони Рафтер.
Грифит смирено се изјаснил за виновен по сите точки од обвинението, повремено кимнувајќи со главата, и формално е осуден за сексуални престапи извршени во дневните центри каде што работел помеѓу јануари 2007 и август 2022 година.
Обвиненијата вклучуваат 190 точки од обвинението за незаконско и непристојно постапување со дете помладо од 12 години додека работел во детска установа, 28 точки за силување, 67 точки за изработка на материјал за експлоатација на деца, четири точки за производство на материјал за експлоатација на деца и една точка за дистрибуција материјал за експлоатација на деца.
На прашањето на судијата дали има нешто да каже, Грифит отсечно одговорил „не“ и кимнал со главата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата