logo
logo
logo

По 10 години потрага по рудници, сиромашен работник конечно нашол дијамант: Видов сјај (ВИДЕО)

Vecer | 26.07.2024

По 10 години потрага по рудници, сиромашен работник конечно нашол дијамант: Видов сјај (ВИДЕО)

Се проценува дека на државната аукција ќе достигне цена од околу осум милиони рупии или 88.000 евра.

Раџу Гаунд работел во рудници во градот Пана повеќе од 10 години и секогаш сонувал да најде скапоцен камен.

Градот е познат по природните резерви на дијаманти, а граѓаните често изнајмуваат евтини, плитки рудници од државата (обично со основни алатки и опрема), јавува Би-Би-Си.

Доколку најдат дијаманти, граѓаните ги предаваат во специјална владина канцеларија, која потоа ги проценува.

„Рудниците се изнајмуваат за 200 до 250 рупии, за одреден период“, објасни Анупам Синг, службеник на канцеларијата за дијаманти.

Така, во 2018 година, работник од Бунделханд пронашол скапоцен камен во Пана вреден 15 милиони рупии. Сепак, ваквите случаи се ретки.

Раџу Гаунд им објаснил на локалните медиуми дека неговиот татко изнајмил рудник во селото Кришна Калианпур Пати, два месеци пред откривањето.

„Ние сме сиромашни и немаме друг извор на приход. Ова го правиме со надеж дека ќе заработиме пари“, рече тој.

Тој во средата наутро дошол во рудникот и почнал да копа.

„Тоа е досадна работа. Копаме дупка, вадиме парчиња земја и камења, ги поминуваме низ сито и потоа внимателно гледаме“.

За негова среќа, напорната работа се исплатела.

„Видов нешто што личеше на стакло. Сјајот беше слаб, но веднаш знаев дека е дијамант“.

Скапоцениот камен го однел во владината канцеларија, каде што бил измерен и проценет. Се очекува да биде продаден на следната аукција, кога Раџу и неговото семејство ќе ја добијат својата отштета.

Човекот планира да ги искористи парите за да изгради подобра куќа и да плати за школувањето на децата. Сепак, тој сака прво да го врати долгот од 500.000 рупии.

Се разбира, тој веќе се вратил во рудникот и продолжил да копа. Никогаш не знаеш што може да се најде.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk