logo
logo
logo

Загрижени Полјаци повикале полиција, додека работник скокал на дигалка: Сакав да се размрдам

Vecer | 05.09.2024

Загрижени Полјаци повикале полиција, додека работник скокал на дигалка: Сакав да се размрдам

Имено, тој се соблекол гол на боксерки, а потоа извесно време прескокнувал со јаже на кран, што предизвикало загриженост кај дел од граѓаните и на крајот повикале интервенција на полицијата.

Сè е снимено од загрижен очевидец, кој го препратил видеото на полска страница на Фејсбук, која го споделила.

На крајот било утврдено дека работникот на кран, откако седел неколку часа во кабината, сакал малку да се размрда и да вежба и дека не помислил да ги загрози или вознемирува граѓаните.

Полицијата во својот извештај потврди дека работникот бил целосно трезен, а видеото стана хит на Фејсбук со повеќе од 380.000 прегледи.

Коментарите на корисниците на Фејсбук набрзо почнаа да се слеваат, а на повеќето од нив оваа ситуација им била урнебесна. „Човекот има тешка и напорна работа, оставете го на мира“, „Повеќе би се изненадил да скокнеше во скијачки костум“, „Човекот се грижел за својата благосостојба и здравје“, „Спортот е добар за здравјето “, продолжија коментарите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk