logo
logo
logo

Пијан маж си поигрувал со питон, кога забавата станала опасна по живот (ВИДЕО)

Vecer | 02.10.2024

Пијан маж си поигрувал со питон, кога забавата станала опасна по живот (ВИДЕО)

Да немаше сведоци и видео кое се појави на интернет, веројатно немаше да верувате.

Човекот се враќал од забава кога наишол на змијата. Тој наводно бил пијан и го „задевал“ рептилот кога работите тргнале наопаку, пренесува Метро.

Несреќниот човек додека да трепне се нашол во смртоносна прегратка, па неговите пријатели повикале пожарна.

На видеото се гледа како рептилот ја дави беспомошната жртва, а за среќа помошта пристигнала навреме.

Пожарникарите успеале да го ослободат мажот, а питонот го ставиле во вреќа. Подоцна беше пуштен во дивина.

Локалните медиуми јавуваат дека мажот одбил лекарска помош и го напуштил местото на инцидентот во друштво на пријателите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk