logo
logo
logo

Ја крстиле Марихуана Пепси, сите ѝ се смееле поради името, а таа стана доктор на науки (ФОТО)

Vecer | 02.10.2024

Ја крстиле Марихуана Пепси, сите ѝ се смееле поради името, а таа стана доктор на науки (ФОТО)

Марихуана Пепси Вендик (52) тврди дека не пие газирани пијалоци, ниту пак некогаш пробала дрога. Истото важи и за нејзината мајка, која смислила крајно необично име за наследничката.

Жителката на Флорида открива дека нејзината мајка мислела дека името Марихуана Пепси ќе ја направи „светска позната“ и дека била во право.

Медиумите не само што пишуваа за нејзиниот живот, туку и докторираше на темата за нејзиното име, пренесува New York Post.

Таа објаснува дека многу луѓе претпоставувале дека нејзината мајка Бренди Меги Џонсон се дрогирала или дека е во затвор.

„Тоа е целосно лажно. Таа ми избра име затоа што сакаше да бидам „сила во светот““.

Марихуана нагласува дека никогаш нема да го смени името, без оглед на лошите искуства во минатото.

„Слушнав како луѓето шпекулираат дали мајка ми била зависник од дрога. Некои и до ден денес го кажуваат тоа“.

Таа додава дека поединци сугерирале дека „не припаѓа во образовниот сектор“ поради нејзиното необично име, и покрај нејзините квалификации. Покрај тоа, таа била одбиена и на бројни апликации за работа.

„Го посветив животот на образованието. Секогаш велев дека ќе бидам д-р Марихуана Пепси. Некои луѓе ме оценуваат врз основа на моето име, но јас го дефинирам успехот според моите услови“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Onsite!® (@its_onsite)

Марихуана има докторат по високо образование, работи на колеџ во Балтимор и е основач на организацијата „Action as Empowerment Center for Change“.

Се исполнила како академик, но и како мајка. Го има синот Исак Соер (21), кој постојано ја испрашувал Марихуана за потеклото на нејзиното име.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk