Имран Ријаз Кан, телевизиски водител и Јутјубер, исчезна во мај неколку дена откако избувнаа немири низ Пакистан по апсењето на поранешниот премиер Кан под обвинение за мито.
Судот во централната провинција Пенџаб и нареди на полицијата да го пронајде, но неговото место на живеење остана непознато. Се верува дека го држеле моќните шпионски агенции во земјата, пренесе ДПА.
Имран Ријаз Кан, кој не е поврзан со Имран Кан, синоќа безбедно се врати дома, соопшти полицијата во неговиот роден град Сиалкот. Семејството и адвокатот на Кан го потврдија неговото враќање, но нема информации за тоа кој го држел новинарот.
Партијата на Имран Кан го поздрави овој потег, нарекувајќи го победа на вистината.
Анвар Раза, претседател на националниот прес-клуб на земјата во главниот град Исламабад, рече дека разговарал со Кан и оти бил во добро расположение.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата