logo
logo
logo

Падна цената на нафтата откако Трамп изјави дека војната со Иран ќе заврши „многу наскоро“

Vecer | 10.03.2026

Падна цената на нафтата откако Трамп изјави дека војната со Иран ќе заврши „многу наскоро“

Вчера цената на нафтата скокна над 100 долари за барел .

Неговите коментари доведоа до пад на цената на нафтата, која сега е поблиску до 80 долари за барел.

По интервјуто за Си-Би-Ес њуз во кое Трамп рече: „Мислам дека војната е речиси завршена“, цената на суровата нафта од Брент падна на 90 долари за барел, што е за 30 долари помалку од претходната ноќ.

Според последните податоци на CNBC цената на WTI суровата нафта падна на 81 долар за барел, додека Brent суровата нафта се спушти на 84 долари за барел.

Ова, според CBNC се случува по најавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека војната е речиси завршена. 

Во текот на претходниот ден, цената ан нафтата достигна и до 119 долари по барел, а последен пат тоа се случи по руската инвазија на Украина. 

Според CBNC сега ситуацијата бргу се смирува. 

CBNC е глобален лидер во бизнис и финансиски вести, кој секој месец достига до стотици милиони гледачи ширум светот. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk