Властите во округот Риверсајд уапсија двајца осомничени обвинети за кражба на бензин во вредност од над 65.000 долари во голема операција. Детективите ги идентификуваа осомничените како Стивен Ентони Бејли и Брајан Брисено Мена, двајцата жители на Перис.
Истражителите велат дека случајот вклучува организирана кражба на гориво, што стана сè поголема загриженост поради зголемувањето на цените на бензинот.
Властите продолжуваат да истражуваат целосен опсег на операцијата и сите дополнителни вклучени лица.
Ова е само еден од низата случаи на кражба на бензин последниве месец дена. Купувачи на украдениот бензин во најголем дел се - богатите сопственици на луксузни возила кои плаќаат и до 30% поголема цена од редовната!

Возачите на луксузни автомобили возат со украдено гориво во Велика Британија - штетата надминува милион фунти неделно
Поради зголемувањето на цените на горивата, бројот на кражби на бензинските пумпи низ Велика Британија нагло се зголеми, а сторителите се повеќе се сопственици на скапи автомобили како што се Ферари и Мерцедес, објавуваат медиумите.
Дневните загуби се зголемија за повеќе од една четвртина, додека вкупната штета надминува милион фунти неделно.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата