logo
logo
logo

ОВА ОВОШЈЕ Е НАЈОПАСНОТО НА ПАЗАРОТ: РИЗИЧНО Е и ако го консумирате во мали количини, НИКОГАШ НЕ ГО КУПУВАЈТЕ

Vecer | 07.06.2023

ОВА ОВОШЈЕ Е НАЈОПАСНОТО НА ПАЗАРОТ: РИЗИЧНО Е и ако го консумирате во мали количини, НИКОГАШ НЕ ГО КУПУВАЈТЕ

Мрежата за акција за пестициди (PAN) Европа анализирала 44.137 примероци свежо овошје тестирани од владите од 2011 до 2020 година

Неправилната примена на пестицидите е најчеста причина за присуство на остатоци поголеми од дозволеното, а тие најмногу се таложат на површината на овошјето и зеленчукот.

Овошјето и зеленчукот со најмногу пестициди вклучуваат јагоди, спанаќ, јаболка, кељ, нектарини и грозје. Покрај нив има и праски, цреши, круши, домати, компири и целер.

Од друга страна, овошјето и зеленчукот кои собираат најмалку пестициди се авокадото, слатката пченка, замрзнатиот грашок, ананасот, кромидот и модар патлиџан. Исто така, аспарагус, карфиол, киви, зелка, диња и брокула.

Изложеноста на пестициди е поврзана со бројни негативни здравствени ефекти, а најчести се дигестивните проблеми, алергиите, проблемите со хормоните и ефектите врз нервниот систем.

Најдобар начин да се заштитите е сами да одгледувате овошје и зеленчук, ако можете, или да купувате храна од докажани производители или органски производи, особено кога станува збор за првата група, пишува на својот Инстаграм профил нутриционистката Ана Нутририон Коуч.

Пестицидите првенствено се акумулираат на надворешниот дел од овошјето и најважно за да се намали нивната содржина е темелно миење на овошјето и зеленчукот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk