Неодамна еден занаетчија го остави без зборови семејството кое го вработило! Имено, луѓето го ангажирале да монтира прозорци, но немале поим дека невешто ќе ја заврши работата.
Тој успеал да го намести прозорецот наопаку.
- Ако некому му треба мајстор да ги среди прозорците наопаку за да се гледаат одоздола, најдобар е М.од Власотинце. Морам јавно да го пофалам, пред се, заради неговата скромност, бидејќи не сака ни да се јави на телефон за да добие пофалби за неговата работа, се наведува во објавата на социјалните мрежи во групата „Лесковачки онлајн пазар“.

Фотографијата од вака монтиран прозорец стана хит, па беше споделена и во други групи и на Твитер, а многу корисници се шегуваат.
- Можеби мајсторот испил некоја ракија повеќе, па сè му било наопаку, се наведува во еден од коментарите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата