Секоја девојка сонува за својата венчавка и се грижи за секој детаљ, но според многумина оваа невеста малку „претерала“. Имено, за да биде сигурна дека се ќе оди според планот и како што замислила, оваа млада жена решила на гостите да им испрати список со правила кои мора да ги почитуваат на нејзиниот посебен ден.

Едно од правилата е дека гостите не смеат да носат гумени ленти на рацете, оние кои седат на главната маса не смеат ни случајно да го користат телефонот, особено за време на наздравувањето на младенците.

Гостите, исто така, не смеат да џвакаат гуми за џвакање или да си играат во своите влечки, а не смеат да носат стапчиња кои светат во темница.

Не смеат да носат часовници од одреден производител, ниту да пијат пиво од шише, особено додека танцуваат, туку смеат да го консумираат само додека седат, од чаша за вино.

Младата жена додала дека консумирањето пиво ќе биде дозволено само кога фотографите ќе си заминат, а на крајот од листата забележува дека не се дозволени никакви прашања или коментари за нејзините правила.

vencanje pravilnik pravila

Оваа листа на правила е објавена на социјалната мрежа „Редит“, а корисниците негативно ги искоментирале барањата на идната невеста:

– Ова е навистина премногу. Ми доаѓа да го направам сето ова само за да ја изнервирам, е коментарот на еден маж, а друг додал: – Се чини, дека бара премногу и сака да контролира. Во овие услови никогаш не би отишол на свадба.