Автомобилите на Фиат се едни од најпопуларните автомобили и главно тие се однесуваат на малите потрошувачи, затоа што резервните делови се евтини, а и се лесни за одржување. Сега Фиат најави нов модел на четирицикли кој ја крена прашината.
Нивниот модел тополино беше доста популарен кога се произведуваше од 1936 до 1955 година, а сега е подмладен и ажуриран според новите стандарди во автомобилскиот свет.
Новиот тополино ќе биде електричен, а фотографијата која ја објави компанијата Фиат ги шокираше сите. Многумина не можат да поверуваат како изгледа ова чудо. Иако има карактеристичен изглед на Фиат, сепак е многу чуден.
Под главните светла, двата големи, тркалезни фара, има и два помали трепкачи. Нема врати, а има и преклопен платнен покрив, асоцијација со оригиналниот тополино.
Според европските прописи, четирицикли може да возат лица со или без возачка дозвола кои се постари од 16 години. Се уште не е познато кога овој автомобил ќе го има официјалното деби, ниту кога ќе започне продажбата на овој електричен четирицикл.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата