Роберт Франсис Превост е избран за нов папа. Кардиналите го избраа во четвртиот круг од гласањето. Откако од оџакот се појави бел чад, во Систинската капела, деканот на Кардиналскиот колеџ го праша избраниот кардинал дали го прифаќа папството, на што тој одговори потврдно и автоматски стана нов римокатолички поглавар, односно наследник на папата Франциск.
Сикстинската капела му одолева на времето
Сикстинската капела е позната по својата архитектура и фреско-декорација од најголемите мајстори на ренесансата: Микеланџело, Рафаел, Бернини и Ботичели. Под покровителство на папата Јулиј II, Микеланџело го насликал таванот од 1100 м² на Систинската капела од 1508 до 1512 година. Денес тоа се смета за најзначајното сликарско достигнување на Микеланџело.
Микеланџело ја сликал Систинската капела четири години и во неколку наврати. Самиот процес бил прекинат еднаш поради спор околу плаќањето, но и поради појавата на мувла. Потоа Микеланџело морал да пребојува одредени делови, само една година откако ги насликал, пишува списанието Far Out.
Микеланџело го платил ремек-делото со своето здравје
Спротивно на популарното верување, Микеланџело не сликал лежејќи, туку направил посебно скеле на кое сликал стоејќи со свиткан врат, што претставувало огромен товар за неговото тело. Ѕидовите на капелата веќе биле насликани од неколку уметници од раната ренесанса, како што се Сандро Ботичели, Доменико Гирландајо и Пјетро Перугино. Некои фрески сè уште се зачувани. Но, Микеланџело бил доведен за да го даде вистинскиот сјај. Капелата требало да биде приватна за папата, но исто така со план таму да се одржува конклавата.
Матијас Вивел вели дека реставраторските работи докажале дека работата на Систинската капела „во голема мера била извршена со една рака, освен релативно малите делови што ги правеле асистенти“.
Кон крајот, Микеланџело работел од цртежи, односно од скици и цртежи директно на гипс, што е прилично извонредно и можеби невидено“, објаснил тој.

Како Сикстинската капела го добила своето име
Капелата е именувана по папата Сикст IV, кој ја реставрирал старата Голема капела помеѓу 1477 и 1480 година. За време на оваа реставрација, Пјетро Перугино, Сандро Ботичели и Доменико Гирландајо насликале серија фрески што го прикажуваат животот на Мојсеј и Христос.

Ѕирнете во тајните простории на Систинската капела во Ватикан
Тие содржат предмети поврзани со изборот на новиот папа: гласачката кутија, специјални свеќи што произведуваат обоен чад по секое гласање или познатата црвена софа позната како „Солзите на папата“, каде што традицијата вели дека новиот папа седи и плаче поради својата голема одговорност. Исто така, постојат интересни фотографии од личните работи на папата Разингер и други предмети.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата