Со оглед на тоа колку долго риболовот е дел од културата на луѓето, може да се очекуваат различни иновации поврзани со него. Сепак, има некои иновации направени од деца, а тие се толку интересни и корисни што го привлекуваат вниманието на пошироката популација.
Едно мало дете им покажа на сите колку е лесно да се риби со само неколку едноставни и лесно достапни предмети. „Pro Fish Hunter“, канал на Јутјуб посветен на уметноста на риболов, објави видео за тоа. Не е изненадувачки што момчето многу брзо стана вирално.

Детето покажало исклучителна вештина во тоа што го работи, иако се уште е дете. Едноставно лови риба користејќи само неколку прачки, јажиња со куки и празни пластични шишиња. Како мамец користи тесто.
"Неверојатна техника, но многу поимпресивен млад човек. На толку млада возраст тој веќе е одличен рибар и има неверојатна сила. Знам дека ќе оди далеку во животот, ќе продолжи со одлична работа", напишала една личност. "Човеку, би сакал да имам мотив и трпение кое ова момче го покажува како дете. Неверојатен е", додал друг.
Погледнете го видеото и се ќе ви стане јасно.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата