Надлежните најавуваат дека жртвата била во групата ловџии кои бркале мечка во раните утрински часови на 9 декември. Сепак, работите тргнале наопаку, пренесува USA Today.
Несреќата се случила на околу 130 километри југозападно од Ричмонд, главниот град на американската држава. Според прелиминарната истрага, мечката се качила на дрво за да им побегне на ловците, кога еден од нив решил да ја застрела.
Дивото животно паднало врз несреќниот Харви кој стоел на неколку метри од дрвото.
„Еден од ловџиите му укажал прва помош додека не дојде специјализираната служба на местото на настанот“, соопштија надлежните.
Повредениот бил пренесен во болница каде починал. Надлежните најавуваат дека нема да поведат истрага по трагичниот инцидент.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата