logo
logo
logo

Немав пари да јадам по ресторани, ОД МАКА СТАНАВ ВЕГАН! Јелена Ѓоковиќ открила што точно јаде

Vecer | 21.09.2023

Немав пари да јадам по ресторани, ОД МАКА СТАНАВ ВЕГАН! Јелена Ѓоковиќ открила што точно јаде

Јелена Ѓоковиќ освен што е сопруга на најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ е синоним и за здрав живот, а декларираниот веган со години следи строга диета без месо, млеко и шеќер. Сепак, многумина не знаат дека таа се префрлила на овој тип на диета затоа што морала, а не толку затоа што сакала, а токму за тоа зборувала во една прилика. Како што рекла, се започнало во студентските денови.

- Почнав да размислувам како да преживеам три години, бидејќи немав пари да јадам во не знам какви ресторани, а не живеев ни во дом со кујна. Така што веганството почна од мака, изјавила Јелена.

 

Jelena Đoković

 

Тогаш изјавила дека прашање е дали ќе остане веган до крајот на животот, но дека засега најважно и е да се чувствува добро.

- Бев голем јадеч на месо, и сè уште го сакам многу, но не го јадам. Се чувствувам добро и тоа ми беше целта, да најдам начин да го живеам овој живот буден, со енергија, здрава, рекла таа и додала дека важен е и начинот на подготовка на храната.

 

Jelena Đoković

- Мојата исхрана е 70 отсто сирова храна, а 30 отсто варена. Најчесто јадам супа, тестенини без глутен, киноа, ориз... Деновиве е тешко да се најде вистинска храна подготвена на здрав начин. Затоа ми е важно добро да ги организирам оброците и имам среќа што имам партнер кој, како мене, е посветен да остане здрав и силен. Нашите диети се само малку поинакви, заклучила Јелена Ѓоковиќ во таа прилика во емисијата „Што сум ти тебе и која сум си себе“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk