logo
logo
logo

НЕМА РАЦЕ И ЕДНА НОГА, сепак ниже успеси, а беше и на ИЗБОР ЗА МИС (ФОТО)

Vecer | 14.05.2022

НЕМА РАЦЕ И ЕДНА НОГА, сепак ниже успеси, а беше и на ИЗБОР ЗА МИС (ФОТО)

Некои луѓе се инспирација за светот, затоа што и покрај големите несреќи кои ги снашле, тие не се откажуваат и стануваат успешни без разлика какви последици оставил животот врз нив. Таква е и Викторија Салседо (26), модел од Гвајакил во Еквадор.

Оваа девојка до својата петта година водела живот како нејзините врсници, но на 11 ноември 2001 година се се променило.

Викторија си играла во својата соба и случајно со метална прачка допрела жица која била под висок напон. Електричниот удар предизвикал изгореници од трет степен, па лекарите морале да и ги ампутираат двете раце и левата нога. Растејќи со само една нога и без раце, Викторија прво морала повторно да ги научи сите основни задачи.

Единствениот преостанат екстремитет, Викторија го нарекува „волшебна нога“, бидејќи со неа, како што вели, стекнала независност.

По несреќата наместо рацете и биле поставени две протези, но никогаш не и се допаднале. Како што растела, и било тешко да развие свест дека е поинаква од другите.

- Многу размислував што би направила прво кога би имала раце. Но, знам дека тоа е невозможно, па таквите мисли веќе не ми пречат – вели Викторија.

И покрај нејзиниот инвалидитет, оваа млада девојка минатата година одлучи да се пријави на изборот за Мис на Еквадор и да ги сруши сите предрасуди. На тој начин сакала да испрати порака и да го крене гласот за сите оние кои се сомневаат во себе.

Викорија и покрај напорите не успеала да се пласира меѓу 10-те финалистки за Мис Еквадор, но со својот изглед оваа девојка направила многу повеќе од тоа.

- Најмоќното оружје што го има човекот е издржливоста и способноста да се прилагоди на новите околности и да го извлече само најдоброто од секоја ситуација - вели Викторија и додава:

- Се е во односот кон животот и вербата во себе. Јас сум жена со соништа и ако не ги земам работите во свои раце, никој нема да го направи тоа наместо мене.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk