Американката Еден Александра на TikTok призна дека не користи тоалетна хартија и не ги мие интимните делови, што ги натера луѓето да заклучат дека навистина не се грижи за хигиената, но мисли дека има соодветно објаснување зошто не го прави тоа, зошто не се замива барем.
„Јас работам добра работа таму долу. Не ми треба тоа“, вели таа во видеото што го објави. Таа исто така откри дека не користи сапуни или средства за миење тело.
„Јас не користам ништо друго освен вода. Вашата вагина се чисти сама по себе и она што го ставате (особено ако содржи одредени хемикалии) може да ги исфрли вашите природни бактерии и вашиот PH“, рече таа.
“Не користам тампони или влошки, всушност го ослободувам крварењето...“, рече Еден, која напоменува дека никогаш нема да се „исплакне“. Таа вели дека вагината би требало да мириса на поле со јагоди, рози или ванила.
Таа одбива да носи тесна облека или долна облека бидејќи сака, како што вели, да го остави телото да „дише“.
Нејзината објава на TikTok собра речиси милион прегледи и безброј коментари. „Сè уште сум збунет околу тоалетната хартија“, напишал еден корисник. „Дефинитивно претерувате“, коментира друг.
@eden.alexandra Has this reached the point of #tmi on the internet? p.s. these haven’t always been the case, they’re my personal preferences now. But do what works for you 🖤 #wlw #wlwtiktok #5thingsiwouldneverdo #vagowner #womenshealth #wlwlesbian #lesbiantok #lesbiansoftiktok #lesbiancouples #ladybits ♬ original sound - Eden Alexandra
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата