Избраните волонтери ќе поминат 10 дена во малку навалена положба, практично врзани за кревет, со внес од само 250 калории дневно, објави порталот BFM TV. За учеството, секој испитаник ќе добие 5.000 евра. Кандидатите мора да бидат мажи на возраст меѓу 20 и 40 години, кои спортуваат и се во совршено здравје.
- Експериментот е планиран за јуни, а неговата цел е да се проучи влијанието на нултата гравитација врз човечкиот метаболизам и исхрана, што е клучно за идните долги вселенски мисии - нагласува раководителката на проектот Амандин Фабре.
Институтот веќе доби бројни апликации, вклучително и од поранешни учесници. Еден од нив, Ерван, учествуваше во сличен експеримент во 2023 година во кој помина 60 дена во кревет и за тоа доби 18.000 евра.
- Првите неколку часа телото се адаптира побавно, но потоа многу брзо разбирате како телото се навикнува на тоа - изјави Ерван за BFM TV.
Студијата во Тулуз е дел од пошироко истражување на физиолошките предизвици што луѓето можат да ги доживеат за време на долги престои во вселената.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата