Шише од познатото бургундско вино „Романе-Конти“ од бербата во 1945 година е продадено на аукција за околу 704.903 евра, со што е соборен претходниот рекорд од 558.000 долари.
Бербата во 1945 година била со исклучителен квалитет поради сушното лето по завршувањето на Втората светска војна, а виновата лоза од главната парцела дала само 600 шишиња. Ова дополнително ја зголемува вредноста на виното, кое сега многу ретко може да се најде на пазарот.
Продажбата се одржа за време на настанот „La Paulée“ во Њујорк, најголемиот собир на колекционери на бургундски вина, каде што беа продадени уште 7.675 шишиња во вредност од околу 25 милиони долари.
Експертите истакнуваат дека интересот на колекционерите и ентузијастите за ретки примероци и понатаму е голем, дури и додека винската индустрија се соочува со криза.
„La Romanée-Conti“, во сопственост на семејствата Де Вилен и Лерој, со ова го потврдува својот статус на еден од најценетите вински имоти во светот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата