logo
logo
logo

Национален ден на правата на животните - потребно е кревање на свеста кај граѓаните

Vecer | 01.06.2025

Национален ден на правата на животните - потребно е кревање на свеста кај граѓаните

Дополнително, според нив мора да има и промена во казнената политика, со цел да се спречи малтретирање и изживување врз животните. Сепак, како што велат, политичарите немаат доволно слух за оваа тема и сметаат дека јавноста е единствена која може да влијае врз нив за зголемена заштита на животните.

-Искрено, не верувам дека такво нешто ќе се случи, освен ако не направиме огромен притисок врз јавноста, меѓутоа не сум оптимист реално. Се надевам дека ќе дојдат поубави времиња за сите нас. Тие ја имаат најголемата моќ за да направат промени.- Драган Димковиќ

На иста линија се и дел од граѓаните. Пред камерата на Канал 5 велат дека казните мора да се зголемат, на тој начин очекуваат да се крене и јавната свест за заштита на животните.

-Мислите дека треба да се покачуваат казните за оние кои малтретираат животни? –Па, треба. И према луѓето, и према животните.

-Више него сигурно дека треба да се казнува.              

-Ако не се сака казни, тоа е најважната работа. Свеста не води напред шо се вика.

-Треба.

 –А дали мислите дека треба да се крене свеста кај граѓаните за да вдомуваат? –Исто, исто.

-Да не се малтретираат животните. За казнената политика не знам како е, ама и луѓето страдаат од животни, така да треба да се води сметка во секој случај.         

Инаку, казните за убиство и малтретирање на животни се предвидени во Кривичниот Законик во член 233 став 1. Законот предвидува дека секој оној што мачи животно, му нанесува непотребни болки или изложува животно на страдање ќе биде казнет парично или со затвор до шест месеци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk