logo
logo
logo

Наноматеријал што ја подобрува фотосинтезата кај растенијата

Vecer | 12.03.2025

Наноматеријал што ја подобрува фотосинтезата кај растенијата

Кинески научници развија нов наноматеријал, базиран на јаглерод, добиен од отпадна земјоделска биомаса, којшто може да поттикне пообемна и побрза фотосинтезата на растенијата и потенцијално да го поттикне растот на земјоделските култури, пренесува Синхуа.

Истражувањето, објавено во списанието „Комјуникејшнс материјалс“ (Communications Materials), го спровеле експерти од Институтите за напредни технологии во Шенжен при Кинеската академија на науките и Шангајскиот универзитет „Жао Тонг“. Тие развиле јаглеродни квантни точки - наноматеријал создаден од селскостопански отпад како слама, лисја и плевели.

Материјалот ја претвора ултравиолетовата и зелената светлина - коишто растенијата тешко ги апсорбираат, во црвена светлина, што им овозможува поефикасно искористување. Дополнително, наноматеријалот ослободува дополнителни електрони што ја засилуваат фотосинтетичката електронска преносна верига, подобрувајќи ја целокупната ефикасност на процесот.

Тестовите покажале дека цијанобактериите изложени на материјалот фиксирале 2,4 пати повеќе јаглерод -диоксид и произвеле 2,2 пати повеќе глицерол. Кај растението Арабидопсис (Arabidopsis) биомасата се зголемила за 1,8 пати.

Истражувачкиот тим планира дополнителни експерименти во поле. Почетните резултати покажуваат и дека материјалот може да го поттикне растот и на други растенија, како леќа, кикирики, пченка и соја. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk