logo
logo
logo

Највисоката жена на светот прв пат се качи во авион, морале да отстранат 6 реда седишта (ВИДЕО)

Vecer | 23.09.2023

Највисоката жена на светот прв пат се качи во авион, морале да отстранат 6 реда седишта (ВИДЕО)

Румејса тргна на животно патување и се качи на лет од Истанбул до Сан Франциско. Летала за прв пат во животот, а за да го направи 13-часовното патување, екипажот на летот на Туркиш ерлајнс морал да отстрани шест реда седишта.

Поради состојба наречена сколиоза, Румејса не може долго да седи и морала да лежи на носила. Пред патувањето, таа зборувала со новинарите на аеродромот во Истанбул за тоа како се чувствува.

„Ова ќе биде мојот прв лет, како и моето прво патување во странство. Но, верувам дека ова искуство ќе биде прво за многу поединци, не само за мене. Бидејќи, како што знаете, можноста за патување на носилки обично е резервирана за пациенти кои се префрлаат од едно во друго одделение за интензивна нега“, рече таа.

По летот, Румејса сподели неколку фотографии од авионот и им се заблагодари на екипажот и на авиокомпанијата за организирањето на патувањето, додавајќи дека тоа било неверојатно искуство.

"Ова беше мојот прв лет, но сигурно нема да биде последен. Отсега па натаму, ќе ми биде чест и ќе бидам среќна да летам во различни делови на светот. Ви благодарам од сѐ срце на секој еден човек кој учествуваше во моето патување“, напишала таа.

Инаку, Румејса прослави соборување на три нови светски рекорди. По неодамнешното мерење, таа стана жената со најголеми раце, како и најдолги прсти и грб.

Нејзината десна рака е долга 24,93 см, додека просечната женска рака е долга околу 17 см.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2023 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2023. Vecer.mk