logo
logo
logo

Најголемата змија на Земјата тежела еден тон

Vecer | 07.03.2025

Најголемата змија на Земјата тежела еден тон

Ако мислите дека денешните видови змии како анакондите или питоните се најголемите досега, се лажете. Имено, научниците неодамна открија праисториски предатор кој бил многу, многу поголем.

Научниците од индискиот институт за технологија Рурки открија праисториска змија со огромни размери - вид долг помеѓу 11 и 15 метри.

Тие дошле до овие откритија минатата година со анализа на фосилизираните остатоци од 'рбетот пронајдени во рудник во Гуџарат. Иако на почетокот мислеле дека се работи за животно слично на крокодил, се покажало дека станува збор за змија со монументални размери, која може да тежи и до 1.000 килограми, пишува Punkufer.hr..

Се верува дека змијата живеела пред приближно 47 милиони години и го добила името „Vasuki indicus“ по митската змија од хинду митологијата. Поради својата монументална големина, се претпоставува дека оваа змија била предатор од заседа.

Не можела брзо да се движи, а пленот го убивала така што се обвиткувала околу него и го задушувала со својата сила. Живеела на копно и се хранела со животни од околината.

„Vasuki indicus“ припаѓа на семејството „Madtsoiidae“ кое постоело околу 100 милиони години - од доцниот креда до доцниот плеистоцен, и живеело во широк географски опсег што ги вклучува Африка, Европа и Индија. Беше долго, како изумрен вид Титанбоа, кој живееше во североисточна Колумбија. Исто така, се верува дека може да порасне и до 15 метри во должина, но и да достигне тежина од еден тон.

Мрежестиот питон (Malaiopithon reticulatus) и големата анаконда (Eunectes murinus) денес се сметаат за најголеми змии - најдолгите пронајдени примероци достигнале должина од околу осум до девет метри, што е сè уште многу помало од овие праисториски предатори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk