Иако денес е речиси целосно заборавена, Станислава Валасјевиќ била голем спортски феномен на почетокот на 20 век. Се натпреварувала во атлетика, кошарка, софтбол, па дури и лизгање на мраз. Освоила злато на 100 метри на Олимпијадата во 1932 година и сребро четири години подоцна. Поставила дури 20 светски рекорди во време кога на жените едвај им било дозволено да излезат од дома.
Откако се пензионирала, работела како спортски тренер во Кливленд пред да биде трагично убиена во 1980 година во несреќен грабеж на банка. Јавноста била шокирана, но вистинското изненадување дошло кога биле објавени резултатите од обдукцијата и била откриена тајната со која Стела живеела со децении.
„Најбрзата жена на светот“
Станислава Валасиевич е родена во Полска, но како дете со родителите заминала во САД, каде уште од рана возраст почнала да се занимава со атлетика, особено со трчање. За нејзиниот 21 роденден, таа го променила името во Стела Волш и зела американско државјанство, населувајќи се во Кливленд. Сепак, без разлика на тоа, таа на Олимпијадата се натпреварувала за родната Полска, пренесува Allday.com.
Стела Волш набрзо станала позната ширум светот како „најбрзата жена во светот“. Во текот на 1930-тите, таа владеела во повеќето трчачки дисциплини, освојувајќи злато на Олимписките игри во Лос Анџелес во 1932 година на трката на 100 метри со резултат 11,9, што бил нов светски и олимписки рекорд. Учествувала и во фрлање диск каде со 33,60 метри го освоила 6. место.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата