Вкупниот број депортирани или репатрирани лица од Република Кипар во земјите на потекло од почетокот на годинава заклучно со денеска е 9.420 лица, соопштија од кипарската полиција, јави дописничката на МИА од Атина.
Лани во истиот период депортирани или репатрирани биле 9.276 лица.
Од кипарската полиција утрово соопштија дека во вторникот била спроведена координирана акција на Службата за странци и имиграција, со цел принудно враќање на седум лица, кои нелегално престојувале во Република Кипар.
Депортација била со лет организиран од грчките власти и под координација на ФРОНТЕКС, а ова е 16 учество на кипарската полиција во заедничките акции на враќање на нелегални мигранти на ФРОНТЕКС, за оваа година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата