logo
logo
logo

Над 3.000 римски пари и 50 скапоцености се најдени на „магично место“ во Италија (ФОТО)

Vecer | 20.11.2023

Над 3.000 римски пари и 50 скапоцености се најдени на „магично место“ во Италија (ФОТО)

Ова археолошко богатство е откриено во Клатерна, поранешен римски град во близина на денешна Болоња, соопшти италијанското Министерство за култура, а пренесува LiveScience.

- Се соочуваме со најголемата нестратификувана област во северна Италија. Имајќи ја предвид важноста и количината на откритието, можеме да зборуваме за „Помпеја од север“ - изјави Луција Боргонзони, потсекретар на Министерството за култура на Италија.

Досега археолозите во Клатерна пронашле плоштад, улици, куќи со шарени мозаици и римски бањи. Последните ископувања на ова „магично место“, како што се нарекува во соопштението, дадоа илјадници монети, главно сребрени и бронзени. Меѓу нив е и квинариус, ретка сребрена монета кована во 97 година п.н.е. Била пронајдена во ходникот на поранешниот театар.

Откриени се и обоени скапоцени камења со фигури на божества.

Досега, истражувачите испитале само една десетина од површината на населбата, што е околу 18 хектари. Се надеваат дека ќе ја обноват и искористат зградата на театарот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk