logo
logo
logo

На вработените во УСАИД им е наложено да си ги соберат работите од канцелариите за 15 минути

Vecer | 27.02.2025

На вработените во УСАИД им е наложено да си ги соберат работите од канцелариите за 15 минути

На поранешните вработени во Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), кои беа отпуштени или ставени на административно отсуство, им е кажано дека имаат 15 минути за да си ги соберат своите работи од нивните канцеларии во Вашингтон.

Не е познато колку од над 5.600 вработени на УСАИД работат во зградата на седиштето на агенцијата во Вашингтон. УСАИД во понеделникот ги стави на платено отсуство 4.080 вработени ширум светот, а дополнителни 1.600 работници беа отпуштени.

Претходно денеска, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави дека намалува повеќе од 90 отсто од договорите за странска помош на УСАИД и 60 милијарди долари од американската помош ширум светот.

Претставниците на администрацијата на Трамп, по повеќекратните предупредувања од федералниот судија во случајот, исто така вчера рекоа дека повторно почнале со плаќање на сметките на УСАИД по повеќемесечниот прекин на плаќањата. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk