logo
logo
logo

Кожувчанка ја лансира првата Апликација - Потсетник за пиење вода, од Изворска!

Vecer | 29.03.2025

Кожувчанка ја лансира првата Апликација - Потсетник за пиење вода, од Изворска!

Компанијата Кожувчанка повторно ја изненадува јавноста со иновација и новитет создавајќи ја првата апликација во Македонија која ве потсетува да се напиете вода и да останете хидрирани во текот на целиот ден!

“Ние како Компанија секогаш ги слушаме потребите на нашите потрошувачи и дејствуваме за подобрување на квалитетот на нивниот живот. Живееме во ова брзо време што ни носи многу грижи, настани и предизвици со кои сите ние се справуваме, па често ни се случува да заборавиме на себе и своите потреби. Затоа ја создадовме Изворска Апликацијата која ќе ве потсетува во текот на денот дека треба да бидете хидрирани! Таа е бесплатна за преземање, па ви посакуваме на сите - Со здравје користење.” - изјавија од Маркетинг секторот на Компанијата.

Како работи апликацијата?

Со користење на функцијата за скенирање на баркодот од Изворска етикетата, апликацијата точно ќе го препознае количеството вода што ја пиете, и ќе ви покаже колку литри уште треба да испиете за да ја достигнете дневната цел за хидратација.

А, ова се нејзините основни карактеристики:

• Бесплатна и лесна за користење: Преземете ја апликацијата и започнете веднаш!

• Персонализирана: Точно пресметува колку вода треба да пиете врз основа на вашите лични потреби.

• Потсетник: Заборавивте да се напиете вода? Нема проблем - апликацијата ќе ви испрати потсетување.

• Статистика: Следете го напредокот на вашата хидратација на дневно и месечно ниво.

Изворска Апликацијата е достапна за преземање бесплатно на платформите Google Play и App Store: app.izvorska.mk

Компанијата Кожувчанка и брендот Изворска продолжуваат да инвестираат во иновации кои го подобруваат здравјето и квалитетот на животот на своите потрошувачи, а оваа апликација е само еден пример за нивната посветеност

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk